СЈО го објави шестмесечниот извештај

Обвинителите и истражителите на СЈО, последниве 6 месеци анализирале 32 илјади разговори и 72 илјади смс пораки кои биле пронајдени во хард диск од канцеларијата на свиркачот Звонко Костовски во УБК . Хард дискот заедно со други документи, СЈО ги добило од обвинителеството за организиран криминал, кое првично водеше постапка против Костовски за случајот ПУЧ но СЈО отвори отвори нов случај за прислушувањето познат како Таргет а Костовски е клучен сведок.

Обвинителите анализирале и форензичките копии на вкупно 124 илајди аудио фајлови од предметот против Захир Бекири Чауш и Имер Бекири, доставен од  скопското обивнителство стои во 6 месечниот извештај потпишан од Катица Јанева.

СЈО се надева дека во најкус можен рок ќе биде изгласан законот со кој ќе бидат интегрирани како самостојна институција во јавно обвинителскиот систем на државава, со што СЈО добива и автономија но и надлженост да гони корупција од висок профил. Во шестмесечниот извештај специјалната обвинителка Катица Јанева напишала и дека и е потребна  форензичка лабораторија.

Цениме дека делата кои ќе бидат во надлежност на ова Јавно обвинителство ја наметнуваат потребата од соодветно воспоставување и акредитација на форензичка лабораторија за која ова Јавно обвинителство и во овој момент поседува стручен и обучен кадар како и соодветната техничка опрема, се вели во извештајот.

Последните 6 месеци покрај 81 предистражана постапка, СЈО отворило и осум нови финансиски истраги против 64 лица со предизвикана штета на буџетот од речиси 92 милиони евра. Меѓу нив е и „Империја“ протв Камчев, Мијалков, Панделевски и Јосифовиќ чии куќни притвори ги ревидира Врховниот суд со начелното правно мислење. Јанева не се согласува со мислењето на Врховен дека СЈО не е овластен тужител и во извештајот ги потенцира одлуките на Кривичен и Апелација според кои СЈО е надлежно да истражува дела поврзани и кои произлегуваат од бомбите.

И покрај донесеното правно мислење на Врховниот суд во однос на постапувањето на СЈО како и повикувањето на ваквото мислење од страна на дел од осомничените и нивните бранители, евидентно е дека ова Јавно обвинителство постапува исклучиво во рамки на своите законски овластувања во рамки на предметите кои ги води, стои во извештајот.

И во овој извештај Јанева му праќа порака на судот поинтензивно да ги закажува рочиштата. Во извештајот на 103 страници се аналзиирани сите предмети а пишува и дека СЈО како независна институција претставува еден од клучните механизми во интегративните процеси и предусловите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ