Стотици илјади евра проневерени од УБК- уапсен Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков

4-ца вработени во УБК, меѓу кои и Тони Јакимовски (поранешен началник на ткнр.Прва управа на УБК) се уапсени од полицијата во истрага на обвинителството за организиран криминал и корупција и одделот на МВР за организиран криминал.

Тони Јакимовски, кој долго време беше шеф на кабинет на екс директорот на УБК Сашо Мијалков е уаспен веднаш по завршувањето на денешното рочиште за случајот на СЈО Таргет-Тврдина.

Според првичните информации до кои дојде Телма станува збор за проневера на пари на УБК која е извршена со трошење на повеќе стотици илјади евра. Парите наместо за потребите на службата се потрошени за сосема други цели.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ