
За една недела четворица ја изгубиле битката со грипот
За една недела четворица ја изгубиле битката со грипот. Едната жртва имала 50 години, а другите биле за десетина години повозрасни. Двајца починале на Инфективна, а двајца во ГОБ Осми септември. Кај некои од починатите имало зголемен ризик тие да развијат компликации од вирусот. Други немале претходни здравствени проблеми. Починале само од компликациите откако се заразиле.
Високиот број на смртни случаи досега, вкупно 15 на број, епидемиолозите го врзуваат со зголемениот интензитет на вирусот во оваа вирусна сезона. Голем број смртни случаи во последните речиси два месеци регистрираа и епидемиолозите во соседните земји.
Здравствените власти до сега смируваа дека во здравствените домови има доволно од антивирусната терапија, односно лекот Тамифлу. Телма праша во некои од скопските аптеки, дали имаат доволно количество од овој лек. Ни кажаа дека немаат.
Кај 12 од починатите 15 со компликации од грип, епидемиолозите запишале и други болести. Во оваа сезона, вкупно се заразиле повеќе од 17 илјади лица.
Петар Догов