
Автобусот на „Дурмо турс“ се движел со 99 км на час
Автобусот на Дурмо турс се движел со 99 км на час, наместо под 80 км колку што е дозовлено за автобусот тежок 15 тони. Поради недозволената брзина возачот изгубил контрола и почнал да кочи во моментот кога ја пробил оградата на средината од автопатот но со несиправни сопирачки не можел да го застане автобуот кој ја минал и втората ограда излетал од автопатот и паднал во нива во Ласкарци. Ова се главните причини поради кои се случи трагичната сообракајка страшен биланск од кој 15 мртви и 39 мина повредени патници, соопшти шефот на скопското основно обвинителство Рајчев.
Обвинителството нареди приведување на 7 мина меѓу кои возачот и сопствеикот на Дурмо Турс, неколкумина вработени во Дурмо Турс и станицата за технички преглед двете фирми во сопствнеост на ист газда првоосоничениот Дурмиш Бејули.
Но оваа несреќа е последица на низа други незаконитости за кои одговорните во двете компании замижувале, покажале вештачењата и документите кои ги собра обивнителството во предистрагата.
Белјули поседувал сертификат врз основа на кој е издадена лиценцата за превоз, обвинителите утврдиле дека тој не го организирал превозот согласно прописите и му го му го препуштил раководењето на друг вработен кој не поседувал соодветен сертификат. Раководителот е одговрен за инсталирање на уред во автобусот кој го манипулирал тахографот да не покажува точна брзина. Здравствените проблеми на возачот Мане Трифуновски а неговите не влијале врз несреќата ниту во моментот зборувал на телефон покажале вештачењата.
Првите 6 мина осомничени за кои обивнителството бара притвор одговраат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за кои е пропишана казна затвор од најмалку 4 години затвор. 7 осомнилениот се гони несовесно работење во службата затоа што без да го провери тахографот издал протврда дека е исправен и за него обвинилството бараше мерки на претпазливост.
Рајчев вели дека предистрагата била обемна и интензивна, ја воделе двајца обивнители и освен бројните вештачења биле сослушани 47 сведоци. Сега во истрагата ќе се докомплетираат документите и доказите и ќе се сослушаат осомничените.
Елена Ивановска Муковска