
Потврден случајот на МРСА во Бутел
Родителите на ученик од Панајот Гиновски во Бутел утрово известиле дека при брис е утврдено дека кај нивното дете и констатирана бактеријата МРСА.
Сомнителниот случај на заболено дете се проверува, а акипи на здравствениот инспекторат и центарот за јавно здравје се на терен за да ја утврдат состојбата ни изјавија од ДЗСИ. Досега се потврдени вкупно 4 случаи на деца заболени од бактеријата МРСА, три во градинка во Чаир и едно во спомнатото основно училиште Панајот Гиновски.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат ги проверува сите сомнителни слуачи и апелира на смиреност бидејќи засега нема потреба од вонредни постапки.