
Стејт департмент: Северна Македонија бележи прогрес во медиумите и судството
Во Република Северна Македонија има напредок во медиумите и судството, но останува да се решат уште низа важни проблеми како корупцијата, се наведува во најновиот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент.
Владата на Северна Македонија во 2018 година презела активности да истражи, обвини и казни полициски официјални лица кои направиле злоупотреби додека властите во земјата имале ефективна контрола врз безбедносните служби, но сепак постои високо ниво на корупција, се вели ви извештајот.
Се додава дека затворите и натаму се соочуваат со недостиг на финансии, нессодветна обука на полициски офицери и корупција. Минатата година властите покажале поголема почит кон независно судството во споредба со претходните години.
Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење. Владата направила прогрес во почитување на слободата на медиумите и слободата на изразување, иако проблемите како слаба медиумска независност, насилство и заплашување на новинари остануваат.