Обвинителството бара да се отвори истрага за шест од седум приведени за автобуската несреќа кај Ласкарци

Седум лица се приведени за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 15 луѓе. Обвинителството бара да се отвори истрага за шест од нив, а за седмото лице бара мерка на претпазливост. Меѓу приведените е и возачот на автобусот, и сопственикот на автобуската компанија Дурмо Турс.

Јавниот обвинител Сашо Рајчев денеска ги соопшти деталите од досегашниот тек на истрагата. Тахографот, односно инструментот за автоматско мерење на брзината на возилото, бил штелуван, а возачот возел со 99 километри на час, што е недозволена брзина. Од обвинителството велат дека возачот манипулирал со тахографот. Уредот за сопирачките исто така бил неисправен.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќаше на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излета од автопатот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Загинаа 15 луѓе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ