ВМРО – ДПМНЕ ги избрало членовите на двете работни групи за СЈО

ВМРО – ДПМНЕ ги избрало членовите на двете работни групи за СЈО и за реформите во безбедносните служби но лидерот на партијата не ги открива имињата затоа што се уште не поминале низ органите на партијата. Но вели дека станува збор за луге кои се занимаваат со конкретните области во рамки на партијата .

Стартните позиции со кои вмро дпмне влегува во преговрите  се дека нема да дадат поддшрка за Јанева и  но лидерот на партијата не се согласува и  Академијата за судии и јавни обивнители да  номинира идни обивнитлеи за висока корупција бидјеки смета дека директорката Наташа Габер е блиска до луѓе од актуелната власт.

Власта пак јавно изрази поддршка за Јанева и нејзиниоит тим и додаваат дека во работните групи ке има и ексерти. Невладини кои се фокусирани на правосудните реформи се незадоволни од начинот на кој што власта го турка законот за јавно обивнителство, велат е нетранспарентно по скратена постапка и без консултации со граѓанските организации и стручната јавноста. Посочуваат дека дека законот е спротивен на целите поради кои беше формирано СЈО и бараат владата да го повлече и да го врати во Министерството за правда на доработка.

Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“, Институт за човекови права, Македонско здружение на млади правници, Центар за правни истражувања и анализи, Институт за европска политика и Фондација Отворено општество – Македонија се на ставот:

Ограничувањето на можноста т.н. „бомби“, аудио материјалите да се користат како доказ, го наметнува прашањето пред се: која е суштината на постоењето на СЈО, ако „бомбите“ не може да се користат како доказ? – Дали може со закон да се ограничи користењето на одреден вид докази за кои домашната пракса и праксата на Европскиот суд за човекови права имаат утврдено дека целта заради која биле прибавени ваквите докази ја оправдува нивната употреба.

Од Министерството за правда сметаат дека процесот бил транспарентен и ги повикаа сите кои можат да понудат подобри решенија за измени и дополнувања на законот, да го сторат тоа во најкус можен рок:

Користењето на “бомбите“ е едно од прашањата за кое укажавме дека е посебен предизвик за постигнување согласност од 2/3 од пратениците во Собранието. По опсежни консултации, дали исклучувањето на користењето на аудио материјалите во постапките може да го наруши процесот на докажување на вина во судските постапки, превагна ставот дека нивното користење само како индиции нема да наштети на постапките кои ги води СЈО.

Од правда повторуваат дека  Законот за Јавното обвинителство со кој се решава статусот на СЈО е услов за отворање на преговори со Европската унија.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ