Нацрт-законот за деполитизација на раководните служби дочекан со скепса од невладините

Се подготвува пресвртница во начинот на кој се бираат генералните секретари и директорите. Во повеќето државни институции, министерства и нивни органи, јавни претпријатија и сите друштва во целосна државна сопственост, тие  ќе добијат статус на висока раководна служба. Ќе се пријавуваат на јавен оглас,а ќе се избираат од нова Комисија, чии членови ќе имаат статус на избрани лица и мандат од шест години. Нив, пак, по примерот на антикорупционерите, ќе ги избира посебна комисија во која ќе членуваат и по двајца пратеници од власта и опозицијата. Министерот Манчевски смета дека, со овие правила, содржани  во нов закон, ќе се спречи политизацијата на раководните служби, иако ќе мораат да ги спроведуваат политиките на тие што се на власт.

Манчевски тврди и дека, за брзо време откако ќе биде донесен, новиот закон ќе се примени врз речиси сите раководители,  вклучително и тие што се избрани за време на неговиот мандат. Но, државниот секретар има поинакво толкување.

Од невладиниот сектор сугерираа првин да се расчисти дали законот е противуставен и дали ќе доведе до конфузни ситуации во однос на други закони.Искажаа и сомнежи дека со него ќе се деполитизираат институциите.

Ристевска предлага, наместо за закон, да се размисли за зголемување на учеството на јавноста во изборот на раководителите и се зајакне надзорната улога на Собранието.Но, министерството има амбициозен план, со кој, по забелешките на експертите и граѓанскиот сектор, законот да влезе во собраниска процедура на крајот на мај или почетокот на јуни.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ