Владата се уште ја разгледува грешката на Службен весник

Владата се уште прави анализа околу указите од претседателот Иванов објавени од Службен весник на 26 февруари, за одликувања, унапредувања и поставувања во АРМ под старото Уставно име на земјава. Указите се вече реализирани од страна на Генералштабот на армијата. Се уште не се знае дали некој ќе понесе одговорност, за како што велат од Владата, грешката со објавата.

Тоа се има случено во Службениот весник. Констатирано е дека тоа што е направено е грешка, меѓутоа во моментов се уште тече постапката, се прави специфичен увид. Отакако ќе заврши таа анализа ќе знаеме и кои би биле следните чекори околу објавувањето на указите со старото име, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

Со указите освен четири одликувања на војници кои учествувале во спасување на преживеаните од автобуската несреќа кај Ласкарци, унапредување доби начелникот на Генераштабот Васко Ѓурчиновски во чин генерал потполковник, а извршена е смена на три командни генералски места во АРМ и на служба во странство упатени се двајца офицери, од кои едниот е генерал.

Од Генералштабот потврдија дека е извршена смената како постапување по указ од претседателот како фрховен командант на армијата. Нема одговор на прашањето на Телма дали за Генералштабот на АРМ не е спорно тоа што постапило по указ кој е издаден под старото уставно име кое веќе уставно-правно не пости, со оглед дека според членот 6 став 1 од Законот за служба во Армијата воениот и цивилниот перосонал на служба во АРМ е должен службата да ја исполнува согласно Уставот, закон и ратификуваните меѓународи договори на државата.

Унапредувањата и поставувањата освен што се направени со име државата спротивно на Уставот, беа издадени во време на распишани избори. Поради тоа Аниткорупциска отвори предмет, на што Министерството за одбрана експресно реагираше и соопшти дека нема да постапи по упатувањата на двајца воени претставници во странство од страна на Иванов. Упатувањата на одбранбено аташе во Франција и воен претставник на земјава во НАТО, нема да добијат параф од министерката за одбрана.

За целата ситуација да биде уште покоплицирана, бригадниот генерал кој од Иванов е поставен за воен претставник на земјава во НАТО на должноста е упатен од позицијата Командант на 1. Механизирана пешадиска бригада, а на негово место истиот ден со друг указ Иванов назначил нов командант. Непотпишувањето на упатувањето од страна на министерката пак го отвора прашањето која работна позиција сега ја извршува генералот на АРМ врз која треба да му биде исплатена плата на крајот од месецот.

Според законската регулатива указите можат да бидат повлечени или поништени само од претседателот на државата или доколку Анитокорупциска утврди дека претседателот со унапредувањата и поставувањата го прекршил Изборниот законик, по што е должна во рок од две недели да покрене постапка пред надлежен орган, во овој случај Собранието. Антикорупциска комисија во понеделникот побарала од претседаелот и од Министерството да достава документи во врска со предметот отворен за спорните укази.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ