
Русковска: Побаравме притвор по добиени информации од МВР
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вели дека побарале привтор за Чавков врз основа на оперативни сознанија добиени од МВР и дека нема причина да се сомневаат во информациите на полицијата дека посотои опасност Чавков да избега.
Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, вчера заврши во истражниот затворот во Шуто Оризари. Судот на Чавков му одреди нов 30 дневен притвор. Решението за одредување на притворот се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател, кој јавил дека Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април.
Чавков е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок, како носител на златната команда во оперативниот штаб за инцидентите на 27-ми април. Неговиот адвокат, Сашо Дуковски, во телефонски разговор, за Телма кажа дека притворањето на само два дена пред изрекување на пресудата значи дека таа е веќе донесена и казната е драконска, односно 14 години затвор.