
Полицаец пукал во жители на Вејце
Еден од повредените на возраст од 22 години од Село Вејце се наоѓа во критична состојба. Синоќа на скопските клиники извршен му е операционен зафат на стомакот. Од Карил не информираа дека неговата состојба се следи.
Другото лице се здобило со протрелна рана во вратот и се наоѓа надвор од животна опасност. Но поради сериозноста на повредите двајцата откако биле донесени во тетовската клиничка болница, се препратени на скопските клиники.
Двајцата жители од тетовско В ејце биле повредени со истрели од пиштол од полицаец нивен соселанец, кој ноќта не бил на должност. Инцидентот се случил во Вејце во објект за видео игри
Веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв. Во 23 часот и 40 минути, во Полициската станица Тетово дошол 25-годишник од истото село, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил двете лица, веалт од СВР Тетово
Полицискиот службеник задржан е во полициска станица. За случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Зоран Димовски