
Нема да има јазична полиција во Македонија и во Грција околу применaта на нoвото уставно име
Новото името на државата важи за сите институции од 12 февруари оваа година кога стапи на сила Договорот од Преспа, но во реферирање на институциите во периодот пред тоа, дозволено е да се употребува старото име на државата, како на пример: Киро Глигоров, поранешниот претседател на Република Македонија или поранешниот македонски премиер, Љубчо Георгиевски.
Од владата се задоволни од степенот на употребата на новото име на земјава согласно Договорот, за толку кратко време, иако се свесни дека се прават грешки и пропусти. Велат дека е потребно време и на двете страни за името целосно да заживее за упореба. Потенцираат дека нема да има јазична полиција ниту во земјава, ниту во Грција и оти и во двете земји, надвор од официјалната употреба, ќе има политичари и медиуми кои, поради лични причини, ќе користат други имиња и придавки од официјалните. Засега двете страни немале меѓусебни забелешки за официјалната употреба на името.
Што се однесува до медиумите, најголема дилема кај македонските е токму употребата на придавката „македонски“, додека до странските веќе е испратено упатство за користење на новото име и најчестата грешка е изведување на придавка „северномакедонски“ од новото име, која не постои и не е дозволена за употреба, за што се испраќаат исправки до медиумите.
Една од институциите во земјава кои се уште чекаат ново име е Македонската акдаменија на науките и уметностите. Од владата информираат дека МАНУ свикало собрание на кое ќе се одлучи дали ќе го прифати името Академија на науките и уметностите на северна Македонија или Национална институција на науките и уметностите. Она што е сигурно е дека ќе биде задржан акронимот МАНУ како кратенка за институцијата.
Од Владата информираат дека од институциите чии имиња се менуваат уште не е допрецизирано која ќе биде кратенката на Армијата на Република Северна Македонија.
Политичките партии во земјава немаат обврска да го сменат своето име доколку го содржи зборот „Македонија“ или „македонски“, но во активности во странство ќе мора да биде наведено дека се од Северна Македонија.
Грчкиот шеф на дипломатијата Јоргос Катругалос вели дека постои волја од македонска страна за имплементација на договореното.
„Повредите на Договорот, дали од превид или од навика, веднаш ќе бидат регистрирани и елиминирани“, изјави Јоргос Кутрогалос, МНР на Грција за „Шпигел“.
Шефот на грчката дипломатија вели дека спроведувањето на Договорот не е лесно и оти има добра волја, но оти ништо не е оставено на случајност, туку сптоведувањето се следи со комисија во МНР.
Тамара Грнчароска