Од Сарај молк за платформите, Инспекторатот ќе чека и ќе праќа ургенции

Општина Сарај сеуште го нема доставено одговорот на барањето кое државниот инспекторат за градежниот и урбанизам го испрати минатиот понеделник. Законските рокови се пробиени а надлежните институции сеуште не знаат дали Општина Сарај воопшто изглегла на терен и изготвила извештај.

Од Инспекторатот за градежништво најавуваат дека ќе чекаат до крајот на неделава а потоа ќе испратат ургенција до Општината. Ако и тој рок се пробие тогаш во процесот ќе биде вклучен Државниот управен испекторат од кого ќе биде побарано да влезе во Општината Сарај и директно да изврши увид во предметот ако постои.

Засега остануваат две опции, платформите да останат и да се легализираат или да се одземат ингеренциите на Општина Сарај. Тоа ќе зависи од извештајот на општината.  Доколку во него е наведено дека е во тек постапка за легализација, инспекторатот не може да превземе ништо додека трае постапката. Доколку како заклучок стои дека  станува збор за дивоградби за кои не се води постапка за легализација, ќе му се предложи на министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Сарај.

Градоначалникот Беџети потврди дека барања за легализација на платформите се доставени во Општината и најави дека ќе се обиде да најде правно решените за трите платформи – дивоградби односно да ги легализира како урбана опрема.

Додека се чека разврската за платформите, ниту една надлежна институција не реагира за дузината викендички на брегот на реката Треска во Кањонот Матка. Нови, модерни, скапи, изградени или реновирани неодамна. Целиот материјал за изградба и за опремувањена овие куќи може да се пренесе единствено со чамци. Никој од надлежните ниту ги видел, ниту ги чул, а уште помалку пак ги регистрирал.

Сите викендички се изградени на десниот брег на реката каде надлежна е Општина Сопиште. Разгледувајќи ги јавно достапните податоци во катастар откривме дека секторот за урбанизам во Општина Сопиште има издадено маркица за изградба на хотелски комплекс на една приватна парцела, сопшственопст нажител на селото Глумово, која се наоѓа на неколку стотини метри од пештерата Врело.

Кањонот Матка во 1994 година е прогласен за заштитено подрачје и споменик на природата а тоа предвидува забрана за градење на било каков објект без стручно мислење и довола надлежните министерства.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ