
Спасовски ја преживеа интерпелацијата
Со 59 гласа „против“ , 20 гласа „за“ и 10 воздржани во собранието не помина интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Барањето за интерпелација отвори жестока политичка дебата во Собранието.
Жолти комбиња и странски служби, нерасчистени смртни случаи, раст или пад на стапката на криминал, кој бил подобар министер Оливер Спасовски или неговата претходничка Гордана Јанкуловска, која партија вработила повеќе роднини во полиција, како и прашањето за безбедноста на претседателот беа главните теми на собраниската дебата за интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Власта е на став дека Спасовски е професионалец, кој посветено ги исполнува своите обврски како министер за внатрешни работи.