76 години од депортацијата на македонските Евреи

Денеска се навршуваат 76-години од депортацијата 7.144 д на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка. Одбележувањето на сеќавањето на нив започна утрово со полагање цвеќе пред споменикот во поранешниот скопски Монопол, од каде што биле депортирани, а во Меморијалниот центар на Холокаустот беше отворена изложба, од која дел ќе биде и артефактот – 500 години старата Тора на Евреите од овие земјава.

Во сеќавање на депротираните Евреи се обратија претставници на еврејската заедница во земјава, на Светскиот еврејски конгрес, министерот за Ерусалим во владата на Израел, и македонскиот премиер Зоран Заев, а меѓу гостите беа голем број амбасадори, актуелни и поранешни политичари, како и двајцата кандидати за претседател, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

Во пресрет на одбележувањето на депортацијата, вчера министерката за надворешни работи на Бугарија, вчера изјави дека Бугарија, иако тогашен сојузник на нацистичка Германија, не спасила 48.000 Евреи, од кои 11.000 од Вардарска Македонија и Беломорска Тракија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ