Изработени вештачењата за автобусот и возачот од несреќата кај Ласкарци

Вештачењата за автобуската несреќа кај Ласкарци се готови. Пристигнати се во обвинителството кое ќе ги вкрсти сите податоци добиени од стручњаците по што би можело да се насети и причината поради која се случи незгодата. Што пишува во нив од обвинителството не откриваат бидејќи е предистражна постапка. Сепак досегашните информации се дека машинскиот факултет ја испитал техничката исправност на автобусот а електротехиничкиот факултет пак функционирањето на уредот за мерење на брзината со која се движело возилото. Во меѓувреме обвинителството го очекува и  извештајот од сообраќајно-техничкото вештачење што го прави Бирото за судски вештачења. Во исто време се истражува и во каква здравствена состојба бил возачот, а готово е и вештачењето од неговиот мобилен телефон. Пред обвинител свој исказ дале и голем дел од патниците но не сите бидејќи дел од нив и покрај тоа што биле поикани во обвинителството поради тешките повред ие нможеле да се појават на распит.

Јавното обвинителстгво не е во можност да сподели со јавноста детали од исказите на сведоците дадени пред надлежниот јавен обвинител, како и од содржината на изготвените вештачења и другите прибрани материјални докази. Имено, дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, велат од ЈО.

Инаку несреќата кај Ласкарци се случи пред еден месец и во неа загинаа 15 мина патници од автобусот на Дурмо турс. Најголем дел од повредените веќе се пуштени на домашно лекување, но се уште е критична состојбата на 19 годишната девојка чија нога беше ампутирана. Таа се наоѓа во ургентниот центар и нејзината состојба се следи. Од таму во петокот бил пуштен дома уште еден кој беше тешко повреден.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ