
Сиљановска, Пендаровски и Река и официјално во претседателската трка
Тројца кандидати и официјално ќе се борат за претседателската фотеља. Државната изборна комисија потврди дека Гордана Сиљановска-Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река се единствените кандидати кои ги собрале потребните потписи за кандидатура. Сиљановска и Пендаровски имаа и поддршка од најмалку 30 пратеници, но и покрај тоа собраа и граѓански потписи, таа 15.926, а тој 31.729. Река нема поддршка од пратеници, но успеа да собере 11.128 граѓански потписи. Останатите кандидати се далеку од потребната бројка, додека еден од нив има собрано само три потписи.
Граѓаните имаат уште три дена рок да проверат дали ги има во избирачкиот список. Досега тоа го сториле околу 50 илјади лица. Во тек е и пријавувањето за гласање во странство, каде интересот е слаб. До денеска се поднесени само 920 пријави, од кои пет се одбиени.
Далиборка Демјанска Цветановска