Ветинг и јавен избор на државен и специјален обвинител

Политичарите не треба да говорат за имиња на обвинители туку треба да овозможат услови да се избере најкомпетентниот, вели Слаѓана Тасева од Транспарентност Македонија. Таа смета дека изборот на државен обвинител но и на специјален обвинител да биде транспарентен и низ јавна постпака како што беше спроведена за членовите за антикорупциската но предлага и ветинг на кандидатите.

Тасева потенцира дека е неопходно да се создаде институција која ќе се занимава со откривање на висока корупција но до тоа не треба да се дојде на брзина и преку ад хок процес. Иднината на СЈО не треба да биде резултат на разговор само на политичарите туку дебата во целото општество треба да има дебата околу недопирливост на сторителите на висока корупција, вели Тасева.

Мицкоски смета дека Јанева и останатите обвинители ја немаат довербата и не треба да останат во СЈО, спротивно на ова Заев бара да му се даде шанса на СЈО да продолжи, на чело со Катица Јанева и со целиот тим. Според последната нацрт верзија во новото СЈО Јанева останува како шефица уште една година а другите обвинитлеи се менуваат во рок од година и половина односно на секои 6 месеци им престанува мандатот на четворица помошници на Јанева.

Мицковски бара и опозицијата да го предлага државниот обвинител. Заев му одговори дека ваква опозоција не треба да биде предлагач на обвинител.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ