Заев и Мицкоски се обврзаа да работат на фер и демоктратски избори

Лидерот на СДСМ, и премиер Зоран Заев на денешната средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обврзаа да работат на фер и демокртски избори. Двата изборни штаба ќе бидат во постојана оперативна комуникација. Договорено е да нема предвремени парламентарни избори.

Во однос на законот за ЈО договрено е да се формираат работни тимови кои ќе работат на текстот на законот. Мицкоски бара да се прошири опфатот, Катица Јанева да не биде на чело на СЈО, затоа што според него, таа нема кредибилитет и поддршка поради селективната правда. Заев вели дека Јанева не може да се разреши затоа што уште и трае мандатот.

  • Политичкиот дијалог продолжува. Ние ќе направиме сѐ процесите да се одвиваат во вистинскиот правец. Имавме конструктивен приод и од Мицкоски. Јас ќе останам позитивен. Ние сме исправени пред сериозни историски одлуки. Секој ќе ја носи својата одговорност. Очекувам преку разговорите на работните групи да се дојде до консензус. Процесот на помирување треба да продолжи. Чувствувам позитивен однос и за тоа од опозицијата. Обврската е заедничка, рече Заев

Премиерот го одбил и предлогот на опозицијата да се именува јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ