76 години од депортацијата на битолските Евреи во логорот Треблинка

Со „Марш на животот“ по  Широк Сокак во Битола, денеска се одбележаа 76 години од депортацијата на 3350 битолски Евреи во логорите на смртта во Треблинка.  Голем број граѓани се приклучија на оваа манифестација, на која учествуваа  гости од Израел и други држави. Откако делегациите положија цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи, комеморативната поворка  се упати по главната битолска улица до Железничката станица.

  • Ова за нас е посебен  настан, еден вид наша победа,  спомните ќе останат живи, рече Зеев Елкин, министер за Ерусалим на Израел.
  • Самиот факт што Битола и Република Северна Македонија се сеќава на тие тешки моменти, дава една симболична и пријателкса порака – ваквото зло никогаш да не се повтори, рече Едмонд Адеми, министер за дијаспора

Вечерва во спомен на депортираните  Евреи, на плоштадот Магнолија во Битола,  младите од Израел, Македонија и  Германија ќе изведат  перформанс кој го насловија  „Патоказа кон помирувањето“.

 

Емилија Мисирлиевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ