
Тетово – запоставен град
Недовршени улици и тротоари, јавни простори оставени во заборав обраснати со трева и трње, кои се користат и за депонирање на градежен шут.
Ваква е сликата со години во долниот дел на градот на само неколку километри од центарот на Тетово. Постојната инфраструктура не се одржува, ниту пак се реализира урбанистичкиот план стар речиси две децении.
Во градот има три булевари и сите три се непробиени веќе неколку децении. Секоја власт ветува завршување на овој инфраструктурен проект, но состојбата на терен е иста.
Од Општина Тетово повторно најавуваат пробивање на булеварите и уредување на запоставениот дел на Тетово.
„Се разбира во план е средување на делот кај спортскиот цетнар со подобрување на временските услови, или поконкретно со започнуавње на пробивање на булеварот Индустриска ќе започне да се средува и тој дел на Тетово, не известија градските власти“, велат од општината.
Во Меѓувреме додека не се почитува и реализира постојниот, од Општина Тетово најавуваат нов генерален урбанистички план. Тој според нив ќе има за цел да ги урбанизира и развие сите делови на Тетово.
Работна група составена од експерти работи на планска програма за изработка на гупот. Според дел од експертите, програмата треба да се земе во предвид при изработката на гупот.
Новиот ГУП треба да биде изработен за неполни две години.
Зоран Димовски