Дали е среќен 8-ми март?

Декларативно залагање за родова еднаквост, без реализација во пракса, недостиг  на  матични гинеколози во повеќе општини, закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства за реални промени, дискриминација на работното место, насилството врз жените се клучните проблеми со кои се соочуваат жените во Македонија,  реагираат 22 граѓански организации на маршот по повод Меѓународниот ден на жената.

  • Жалам дека некои закони, како Законот за прекин на бременоста, Законот за дискриминација и социјална заштита  сеуште не се донесени. Жалам дека во 43 општини во Република Македонија сеуште нема гинеколози., Фактот дека 63 проценти на жените на пазарот на труд се некативни иако во поголем дел се магистри и доктори на науки, вели Снешка Илиќ,  Реактор – истражување во акција
  • Парламентот веднаш  и без одлагање да го донесе Законот за прекин на бременоста, Законот за социјална заштита , онака како што се предложени, смета Јована Јовановска Кануркова, од Хелсиншки комитет за човекови права

Но дали постои политичка воља за донесување на овие закони?

  • Јас сум сигурна дека ќе ја обезбедиме политичката воља, дека сите политички партии во нашата држава сакаат Македонија да ја видат во европското семејство, а за да бидеме во европското семејство треба да носиме европски закони, вели министерката за труд, Мила Царовска. 

Жените Ромки се повеќекратно дискриминирани и за тоа сведочат примери кои ги среќаваме секојдневно, смета Салија Бекир Халим.

  • Овој 8 март ништо не е сменето. Дали до следниот 8 март жените ќе ги остварат своите репродуктивни права непречено, дали ќе престане незаконската наплата од страна на матичните гинеколози, дали ќе се стави крај на малолетничките бракови и дали конечно ќе се зголеми бројот на вработени Ромки, вели Салија Бекир Халим, од  Иницијатива на жени од Шуто Оризари

Министерот Филипче вели дека за горенаведените проблеми со недостиг на гинеколози во повеќе општини има развиено два концепта:

  • Давање прво повеќе ингеренции на специјалистите по семејна медицина за да даваат услуги за кои се едуцирани  и второ да им се даде ингеренции на гинеколозите од секундарно ниво кои практично ги породуваат жените да имаат ингеренции како на матичните гинеколози, смета министерот за здравство Венко Филипче. 

На маршот за женски права кој започна во  паркот Жена Борец  преку Плоштад Македонија се до плоштадот Филип Втори беше нагласено и барањето за отстранување  на дискриминаторската мерка во Програмата за рурален развој, со која се бара жената да е во брак, да има родено дете, да е невработено лице , домаќинка и слично.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ