Шпионски игри во трката за Водно

Ме следат остатоци на претходниот режим и тајна разузнавачка служба блиска на голема опозициска партија, за која јавноста веќе беше запознаена, ова го тврди претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во интервју за ТВ1. Пендаровски кој е кандидат на владеачките СДСМ и ДУИ, вели дека е под постојано физичко следење 24 часа.

Да пријавиш затоа што е сериозно-доколку следат претставник на власта што останува за нас останатите, му порача противкандидатката од опозицијата. Гордана Силјаноска Давкова тврди дека странски служби се криеле зад тврдењата на Пендаровски иако тој не спомна странски служби туку служби блиски до опозицијата.

Телма контактираше со високи функционери на МВР кои само кратко ни соопштија дека нема пријава или индиција за следење на кандидатите. Претходно во Собранието на седница за  пратенички прашања, во јануари министерот Спасовски тврдеше дека во опозициската партија има служба составена од луѓе од партијата вработени во администрација кои следат политички противници и прават постојани извештаи кои се анализираат во белата палата. Од ВМРО-ДПМНЕ ги одбиваат и тие тврдења, но и тврдењата на Пендаровски во интервјуто.

За СДСМ, сепак станува збор за сериозни тврдења на кандидатот Пендаровски кои надлежните мора да ги истражат.

Кандидатите иако се избрани и потврдени и со граѓански потписи и со потребни 30 пратеници се уште не се официјализирани. Откако ДИК ќе ја потврди нивната кандидатура, аспирантите за претседател на државата ќе добијат постојано полициксо обезбедување.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ