
Триесетина декани ќе добијат прекршочни пријави
Антикорупциска отвори предмет за унапредувањата на двајцата офицери во НАТО и во одбрамбено аташе во Франција, и неколку други армиски унапредувања од страна на претседателот Иванов..
Комисијата побара да и бидат доставени документи од претседателскиот кабинет. Во истовреме антикорупциска ги соопшти имињата на триесетина декани на факултети од повеќе универзитети во државата, кои ќе добијат прекршочни пријави затоа што не поднеле анкетни листови. На листата се деканите од филозовски, земјоделски, технолошки факулетт, како и универзитетите Гоце Делчев и Мајка Тереза.