
Блерим Река ја официјализираше кандидатурата за претседател
Профеосорт Блерим Река ја доби подршката за претседателската трка од Алијансата на Албанците и Беса. Ќе води модерна кампања, непопулистичка, преку дирекни разговори со граѓаните. Очекува подршка од сите етнички заедници.
Ако некој бара консензуален претседател тогаш тоа е Река, рече Билал Касами кој е оптимист дека нивниот кандидат ќе учествува во вториот круг избори и ќе извојува победа.Нема да тргуваат со гласови, ниту пак ќе молат за подршка, ќе остават на граѓаните сами да носат одлуки.Зијадин Села изрази незадоволство од односот на Премиерот Заев за време на одржувањето средби за заеднички претседателски кандидат.
Села и Kасами се убедени дека Река ќе им понуди на граѓаните најдобар концепт за развој на државата.
Јулијана Пешевска