
Кривична за Трајановски поради екс директорот на скопски Водовод
Дипломата од „Емпајар стејт колеџ“ од Њујорк со која екс дирекоторот на „Водовод и канализација“ Александар Атанасов ја добил функцијата му донесе кривична пријава на екс градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. СВР Скопје го сомничи Трајановски за злоупотреба на службената положба. Тој како градоначалник во 2014 распишал оглас за директор, се пријавиле 11 кандидати, а задиректор го назначил Атанасов. Спорно е што Атанасов имал некомплетни документи, со други зборови дипломата за завршен факултет во државата Њујорк во САД не му била нострифицирана. И покрај тоа што синдикатот реагирал, а инспекторатот за труд му наложил на Трајановски да си ја преиспита одлуката, сепак тоа не се случило.
- Тој не преземал никакви дејствија со што му овозможил на лицето А.А. да продолжи да ја извршува функцијата, соопштија од СВР Скопје.
Со Трајановски кривична пријава заработија и тројцата членови на комисијата кои одлучувале по конкурсот. Атанасовски кој немал диплома нема ни пријава. Телма зборуваше со Трајановски, тој вели дека се било по закон и според критериумите на конкурсот. Не сакаше да коментира зошто не ги послушал препораките на инспекторатот. Инаку за дипломата на Атанасов медиумите шпишуваа уште додека тој беше на функција. Тогаш го објавија и писмото со кое министерството за образование не му ја нострифицира дипломата со објанување дека не е стекната на еден од првите 500 универзитети рангирани по шангајската листа. Атанасов од 2015 та година беше директор на водовод, претходно беше директор на велешка Колска, а пред тоа работеше во едно од гевгелиските казина. Во негово време водовод се всели во новата зграда, а ќе остане запаметен и по канцеларијата во која на теписонот беше исткаено знамето од вергина.
Билјана Николовска