
Опасна бактерија усмрти двеипол годишно девојче
Опасната, но и ретка бакетрија „пнеумокока“ за само една седмица усмрти 2,5 годишно девојче од Скопје. Не успешни биле напорите на лекарите на детската клиника да го спасат девојчето, кое по 12 часа престој починало со дијагноза- сепса.
Виновна е силната инфекција,но не и лекарите. Според, Ставриќ девојчето било во раце на матичниот лекар еден недела, за да почине овој понеделник.
Детето не можело да спаси, но можело да се затштити од оваа опасна бактерија. За него е доцна, но останатите деца ќе можат да се вакцинираат ккао дел од редвниот календар за вакцинација којшто го најави минситерството за здравство. Пред две недели трагично заврши животот на 14 годишно девојче од Охрид од грип кое не успеало да се избори со тешката клиничка слика и почина на инфективната клиника со воспаление на белодробните крила. Додека таму се полнат болничките кревети со вирозни пациенти, детската клиника лекува трисетина деца. 10 деца сеуште се зафатени од епидемијата на морбили, но на ниту еден млад пациент не му е загрозен животот.
Павле Беловски