
Дескоска: СЈО ќе продолжи со гонење висока корупција
Специјалното обвинителство кое ќе биде дел од јавното, ќе продолжи да работи на гонење на висока корупција од страна на носители на јавни функции, објасни денеска министерката за правда Рената Дескоска, која повтори дека сеуште нема дво- третинско мнозинство во Собранието за новиот Закон за обвинителство. Таа потенцираше дека досега собраните докази во истрага и пред истрага ќе бидат дел од предметите кои ги отвори СЈО и тие нема да започнат од почеток.