Потерници за Груевски и Бошковски за 27 ми април

Oбвинителството за организиран криминал испрати наредби до МВР да издаде централни и меѓународни потерници на експремиерот Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски.

Тие се дел од 5 мина осомничени како организатори на 27 април.  На Груевски и Бошковски им е определен и притвор во отсуство бидејки подолго време се во бегство, едниот е во Унгарија каде доби и азил а другиот во Грција чиј Врховен суд го одби барањето да ги екстрадира во земјава. По отворањето на истрагата, надлежните најавија и нови барања за екстрадиција поради новата истрага за овие двајца осомничени. За Груевски и Бошковски од претходно има објавено меѓународни потерници на сајтот на МВР, според кои експремиерот се бара за правосилната пресуда за случајот Тенк а Бошковски за предметот Таргет Тврдина.

На 20ти февруари февруари беа притворени ексминистрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. По иницдентот во Шутка и по жалбите на одбраната Јанакиевски два дена подоцна беше вратен во домашен притвор. Обвинителството бараше притвор и за пратеникот Трајко Велјановски но Собранието не гласаше за одземање на имунитетот а рокот од три дена истече. Според последните инфомрации од обвинителството за сега не планираат да бараат нови мерки за Вељановски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ