
Се подготвува теренот за иградба на два хотели на охридското крајбрежје
Со механизација денеска започна извршувањето на имотот на ГП „Трудбеник“ од Охрид, кој согласно решението од судот треба да го преземе компанијата „Фибула ер травел“. Таа на оваа локација треба да гради два луксузни хотели, за што има договор со државата уште од 2011 година и има поднесено и банкарска гаранција. Причина што тие се уште не се изградени, според „Фибула“, се опструкциите од „Трудбеник“ преку бројните судски постапки поведени изминатите години.
Од ГП „Трудбеник“ велат дека ќе ја почитуваат одлуката на судот и ќе ги напуштат просториите во кои е седиштето на фирмата, но се сомневаат во нерегуларниости во постапката за отуѓување на имотот, за што компанијата покренала судски процес, кој не го одлага извршувањето. Купопродажбата на атрактивниот имот, за која е отворен предмет во Антикорупциската комисија, е извршена во период пред избори по цена многукукратно пониска од пазарната, во што се инволвирани високи функционери во министартвоо за транспорт и општина Охрид, обвинува првиот човек на „Трудбеник“ Ацо Спироски.
„Трудбеник“ очекува да се поништи договорот за купопродажаба помеѓу општината и „Фибула“ и обвини за притисоци врз судот од страна на амбасади и високи функционери инволвирани во случајот. Од „Фибула“, пак, велат дека купопродажбата на имотот во центарот на Охрид е извршена законски и транспарентно на јавно наддавање за кое нема постапка за поништување, а поведените судски спорови од страна на „Трудбеник“ се само за да се спречи купувачот да го добие во владение имотот каде во рок од две години треба да изгради два хотели.
Горан Момироски