За три месеци граѓаните ќе добиваат еклектронски документи

Граѓаните ќе може да ги добијат неопходните документи и потврди по електронски пат и да не чекаат на бесконечните родви по шалтерите во државните институции откако Владата усвои три закони со кои се предвидува замената на харитените со електронски документи. Тоа се законот за централен регистар на население, законот за електронско управување и електронски услуги и законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Стартот на електронските услуги се очекува за три месеци.

Се предвидува воведување портал за електронски услги кој ќе содржи каталог со сите услуги кои ќе им бидат на располагање на граѓаните.

Граѓаните ќе може да се регистрираат преку електроската пошта или физички на шалтер. Секоја државана институција ќе биде опремена со електронски печат, а документите ќе бидат испраќани на електронската пошта на граѓаните.

Со укинувањето на хартиените документи министертоит Манчевски потенцираше дека покрај поефикасната и пократка процедура ќе се намали и цената која ја плаќаат граѓаните зада ги добијат неопходните документи.

Законот за централен регистар на население предвидува воспоставување на електронски регистар и ажурирана база на податоци за граѓаните кои ќе се црпат од МВР, Управата за водење на матични книги и од Централниот регистар.

 

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ