
Спасовски: Истрагите не се згради па да испланираме кога ќе ги завршиме
Убиства во скопско Шишево, Тетово, Струга. За една седмица тројца мртви. Пукање на партизанска меѓу врвулици од луѓе. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека полицијата ги решава, но јавното обвинителство не си ја завршило работата до крај. Пукачот во Сарај кој застрала момче во саботата, со себе носел пиштол последните 5 години.
Убијците и сами се пријавуваат во полиција, но причините за убиствата најчесто остануваат неразјаснети. Се репетрира пиштол и за пцовка, нерасчистени бизнис интереси, крвни одмазди. Полицијата истражува, но побавно отколку да се изгради една зграда, прашан, одговори Спасовски кој порача дека медумите нема да ги добијат деталите од истрагите.
Лани од пиштол животот го загубиле 18 луѓе. Едно убиство е нерасчистено. Се пукало и со автоматски пушки, а на улиците има и рачни рактени фрлачи. Спасовски и МВР немаат точен број колку оружје има на улиците,но повеќето е останато од воениот конфликт во 2001-тa.
Павле Беловски