Рикер: Успехот на Договорот од Преспа е доказ за напорна работа и компромис

Успехот на Договорот од Преспа е доказ за напорна работа и компромис, порача Филип Рикер, кој на 18-ти овој месец ќе стане новиот помошник на државниот секретар на САД, задолжен за Азија и Европа.  Историскиот Договор од Преспа, вели тој, го отвора патот на земјава кон членството во НАТО.

Наследникот  на Вес Мичел, од утринава е на низа средби со државниот врв. По средбата во МНР, шефот на македонската дипломатија напиша: Добредојде за нашиот пријател Фил Рикер! Неговото именување на висока позиција во Стејт департмент-от е одлична вест за Балканот, за Европа и за транс-атлантските односи!.

Попаднево Рикер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Теми на средбата ќе бидат перспективите на земјава во НАТО, предизвиците во пресрет на јунските самити на ЕУ, како и потенцијалите за економски развој.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ