Филип Рикер во Скопје на средби со Заев и Димитров

Поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, кој е политички советник на командантот на воените сили на САД за Европа и иден американски Помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, денеска е во посета на Скопје.

Тој првото кафе го испи во Министерството за надворешни работи, каде на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во знак на пријателство при поздравувањето му ја стисна раката во тупаница. Детали од средбата не се соопштуваат. Перспективите на земјава во НАТО и предизвиците во пресрет на јунските самити на ЕУ, како и потенцијалите за економскиот развој ќе бидат теми на средбите на Рикер со премиерот Зоран Заев и вице премиерот Анѓушев.

Филип Рикер беше амбасадор на САД во Република Македонија од 2008 до 2011 година. Ова е негова прва посета на земјава по најавите дека ќе го презеде местото помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија откако Вес Мичел се повлече од таа функција на почетокот од годинава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ