Апостолакис : Од стратешки интерес е соработката со Северна Македонија

Грчкиот министер за Одбрана Евангелос Апостолакис  смета дека е од стратешки интерес соработката со Северна Македонија . Тој за време на неговиот говор на четвртиот економски форум во Делфи, Грција изјави дека интеграцијата на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе во зацврстување и зајакнување на чувството за стабилност и во зајакнување на соработката и на мирниот соживот во регионот.  ,, Ќе биде побарано од  земјата  систематски да ги трансформира вооружените сили за да одговори на потребните стандарди и барањата на алијансата, што се однесуваат на интероперабилноста и стандардизацијата,,  рече министерот за одбрана на Грција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ