Зелените активисти бараат од локалната власт да ги спаси од рудниците

Активистите против рудници ќе бараат локалната власт во Босилово поактивно да се заземе за рудникот за бакар Иловица – Штука. Сметаат дека треба да престанат тактизирањата и граѓаните да знаат што ќе се случува во нивниот регион.

Во Иловица и Штука се чувствува отпорот против рудникот, иако има и такви кои сметаат дека е потребен.

Рудникот Иловица се промовираше како рудник за злато и бакар, кој во процесот на лужење треба да користи цијанид. Поради притисокот на јавноста компанијата изјави дека се откажува од користење цијанид и сулфурна киселина, а рудникот ќе произведува бакар.

Освен реакциите за нарушениот екосистем, во јавноста недовербата кон рудникот е и поради огромната близина со селата Иловица и Штука. Само петстотини метри воздушна линија.

Од концесионерот Еуромакс велат дека од почетокот промовираат партиципативност на сите заинтересирани страни и охрабруваат поактивно вклучување на локалната самоуправа, организации и жителите за успешно завршување на проектот и правилно комуницирање за бенефитите и ефектите за локалната заедница.

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ