Владата сака нов авион

Има ли потреба од нов владин авион. Државата е убдена во итноста за да се купи нов, експертите не се убедени во реалната потреба. Во интервјуто за независен весник Томислав Тунтев, директорот на агенцијата за воздухопловство го отвори прашањето за набавка на нов ВИП авион. Според него Лирџетот кој сега ги вози владините прставници има повеќе недостатоци. Купен е половен, технологијата не овозможува слетување во магла и лоши услови, има мал број седишта а и безбедноста ја става во прашање. На авионот се жалел и премиерот открива Тунтев.

Еднаш премиерот ми прати порака дека се расипал генераторот. Јас му одговорив, „не секирај премиере, има уште еден“. Тогаш му реков, „премиере, време е да размислувате за нов авион“, а тој на шега ми одговори, „Тевдо не дава“, Томислав Тунтев – директор на Агенција за цивилно воздухопловство

Пари во буџетот за нов авион нема. Не би имало ни со ребаланс на буџетот велат од секретаријатот на владата. За Телма потврдуваат дека авионот неодамна бил на поправка во Германија и од таму дошле препораки да се купи 16 седишта за да може со него да патува поголема делегација. А експертите токму тука го лоцираат проблемот, не во старата технологија или безбедноста туку во малиот капацитет.

Изјавата доаѓа во врреме кога СОЗР веќе распиша тендер за да се осигураат двајцата пилоти, седумтемина патници и еден авиомеханичар кои летаат со владиниот лирџет. За незгода се осигурани на 3 милиони 200 илјади денари во случај на траен инвалидитет и милион и 600 илјади денари во случај на смрт. Во огласот уште пишува дека пилотите два пати годишно одат на обука во америка, а авионот редовно се сервисира во Германија.

„Последните 10 години пилотите немаат направено или пријавено штети, авионот се чува во споствен хангар, обезбеден е со физичко обезбедување и видео надзор. Просечниот налет на воздухопловот е од 200 до 300 часови.“, оглас

Инаку владиниот авион е купен во 2005 година. Една од опциите е да се продаде и да се купи нов. Според најавите новиот би чинел од 15 до 20 милиони евра, но според Тунтев тоа би можело да биде и исплатлива инвестиција ако се пресметаат цените на комерцијалните летови созголемената  потреба за патување поради евро интегративните процеси.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ