Седеле на иста маса па го застрелал

Од основното јавно обвинителство информираат дека убиството се случило околу 23.50 часот откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот Л.Д. (46) од Тетово п, извадил пиштол, го репетирал и пукал во А.А. ( 46 ) од Тетово . Куршумот бил смртонесен, а неговиот пријатле починал на лице место. Групата се разбегела, но полцијата успеала да пронајде дајца од присутните очевидци таа ноќ, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеле увид на  во објектот на ул. 29 Ноември во Тетово.

Обвинителот издал наредби за прибирање траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ