
Тетовските пожарникари говорат за несреќата кај Ласкарци
Страотната сообраќајка кај скопско Ласкарци каде животот го загубија 15 лица, е жив пример за некоординираноста и неподготвеноста на Македонски служби соодветно да одговорат на вакви трагедии, велат од Територијалната противпожарна единица Тетово, кои први пристигнаа откако автобусот на Дурмо Турс заврши во провалија кај автопатот Скопје – Тетово.
Командирот на единицата Ука Алити, вели дека по повикот околу 17 часот за неполни 30 минити пристигнале со 18 пожарникари и три противпожарни возила.
Таму затекнале само две амбулантни возила и жителите на Ласкарци кои помагале во извлекувањето на патниците. Скопските пожарникари иако се стационирани три пати поблиску до несреќата, пристигнаа подоцна но и другите институции не беа тука, каде немаше елементарни услови и средства за работа вели Алити.
Ова е опремата за спасување при сообраќајки, земјотреси, поплави кои ја поседуваат тетовските пожарникари.Голем дел од неа ја добиле преку странски донации а иксуството да ја користат и да интервенираат при незгоди го стекнале од Меѓународната операција Флориан.
Обука за пожарникари спасители може да се стекне на ваков начин или преку приватни курсеви.
Засега институциите на системот не предвиделе обука за спасители ниту пак на јавните конкурси за вработување на пожарникари се земаат во предвид било какви обуки, вели Алити.
Од Територијалната противпожарна единица се надеваат дека со воведувањето на единствениот европски број за итни случаи 112, ќе се пдобри координираноста на институциите да одговорат на вакви несреќи.
Единствениот бој треба да се воведе за нецели две години, и истиот преку една централа при катастрофи треба да ги алармира брзата помош, противпожарните единици, центарот за управуавње со кризи и дирекцијата за заштита и спасување.
Зоран Димовски