Стево Пендаровски заеднички претседателски кандидат на власта

Стево Пендаровски е претседателски кандадат на владејачката коалиција претстојните избори закажани за 21-ви април.

Тој ја доби поддршката од лидерите од коалицијата предводена од СДСМ.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по состанокот со коалициските партнери рече дека Пендаровски е избран како надпартиски кандидат и додаде дека верува дека тој ќе биде идниот претседтаел на Република Севрна Македонија.

Зад Пендаровски дзастана 31 партија од коалицијата што ја предводи СДСМ, а сега одлуката ќе треба да ја потврдат и партиските тела во секоја партија поединечно.

Стево Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори. Неговата кандидатура и формално ќе биде потврдена на конгресот за СДСМ закажан за недела, трети март.

М.Д.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ