
СДСМ и ДУИ треба да го објават името на претседателскиот кандидат
Јавноста и натаму очекува објава на името на заедничкиот претседателски кандидат на коалициските партнери СДСМ и на ДУИ, што го договорија Заев и Ахмети. Како што беше најавено по нивната средба во средата, името на кандидатот треба да биде објавено денеска.
Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река. Тој од вчера се приклучи на списокот кандидати за претседател на кој е и Гордана Силјановска Давкова, зад која застана ВМРО-ДПМНЕ.
По одлуката на лидерите од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за заеднички кандидат, дел од медиумите објавија дека веќе е познато и името, а дел, пак, тврдеа дека се уште се во игра се имињата на Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски од СДСМ.