Уште не е готова истрагата за трагедијата кај Ласкарци, возачот под заштита на МВР, вели Спасовски

Две недели по трагедијата кај Ласкарци се уште не е готово вештачењето на автобусот во рамките на истрагата. Експертите од Машинскиот факултет паралелно со вештачењето ги бараат исказите на сведоците и очевидците за да ги споредат со нивните анализи, велат во обвинителството за Телма. Вештачењето на Машински треба да покаже дали автобусот бил технички исправен, а причината за несреќата ќе ја бара Бирото за судски вештачења. Досега се распрашани вкупно 15 сведоци, меѓу нив и возачот на автобусот. Министерот за внатрешни работи вели дека се грижат за неговата безбедност откако за него се упатени закани.

Заканите кон возачот, според истрагата се главно упатени преку социјалните мрежи, но полицијата ги третира сериозно. Во обвинитеството доставена е дел од документацијата од компанијата Дурмо турс, чиј автобус се изврте кај Ласкарци. Во несреќата загинаа 15 луѓе. Во воената болница еден од повредените патници се уште е во критична состојба. Н атретман во таа болница остануваат уште 4-ца пациенти додека двајца денеска се пуштени на домашно лекување. Во клиничкиот центар, еден патник уште е во критична состојба на КАРИЛ, а згрижени се уште двајца пациенти.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ