
За референдум на локално ниво потребни се закoнски измени
Нејасни, недоречени и неусогласени закони и регулативи, висок цензус кој е речиси невозможно да се постигне и неинформираност на граѓаните за можностите кои ги нудат локалните референдуми како алатака се клучните проблеми кои ги детектира истражувањето што го спроведе Институтот за стратеѓшки истражуѕвања и едукација чии резултатите беа презентирани денеска.
Препораките се да се усогласат Законот за референдум и изборниот законик и едукација на населението преку дебати.
Истражувањето покажа дека референдумите на локално ниво се неуспешни поради цензусот кој е тешко да се исполни но и бидејќи се одлучува за прашање кое не е под надлежност на локалната власт.
Истражувачите сметаат дека е корисно на референдумот да се поставуваат повеќе прашања од интерес на граѓаните наместо за секое да има посебен референдум бидејќи тоа повлекува дополнителни финасии кои се клучен проблем.
Во рамките на прокетот биле вклучени беа три општини, Бутел, Гази Баба и Арачиново. Анкетата покажала дека има голем интерес на граѓаните за референдум и одлуки носење преку референдум.
Огнен Чанчаревиќ