
По 20 години морбилите се вратија во Штип
Хигиеничарка од кочанска педијатрија е потврден случај на морбили. Здравствените установи чекаат потврда и за уште една медицинска сестра од оваа одделение. Двете имале контакт со заразен пациент. Хигиеничарката сега е хоспитализирана на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.
Во Кочани претходно од морибили се зарази дете со церебрална парализа, а имаат уште еден сомнителен случај, станува збор за тинејџер. Морбилите се шират, а по две децении се појавија и во Штип. На инфективното одделение примено е две годишно дете со симптоми, се чекаат резултатите за да се потврди и овој случај. Лекарите сметаат дека детето најверојатно се заразило во здравствена установа во Скопје, бидејќи било со претходнат историја на болест. Лекарите велат анализите покажуваат дека над 80 % од децата до пет години се имунизирани во Штип и Карбинци.
Во штипскиот регион децата од прво до деветто одделение со вакцинација се опфатени со околу 98,5 %, што е и добра бројка. Но, лекарите забележуваат дека оние еден и пол процент, кои не се имунизирани во овој случај се ризични не само за себе, туку и за останатите околу нив.
Викторија Јованова