Ристовски и Јанакиески нападнати поради пропуст на затворската управа

Пропустите на вработените и управата во затворот во Шутка овозможиле спиро Ристовски да биде вербално па физички нападнат. И по ова истите не спречиле да се случи и нападот врз Миле Јанакиески, оти не превенирале ништо. Ова го пишува во извештајот кој го изработија од затворот но сега Управата за извшување на санкции го чува во тајност.

Сепак, според информациите на Телма покренати се и 11 дисциплински постапки за чуварите кои ги прекршиле протоклите. Директорот Ѓоко Котевски си поднесе оставка но за сега ќе куртули поради тоа што се распишани избори.

Народниот правобранител констатирал многу пропусти во однесувањето на затворската управа. Има забелешки на нецелоснта покриеност со камери и лошиот квалитет на снимките кои и покрај тоа што немаат звук откриваат како се случил инцидентот.

Двајцата притвореници Јанакиески и Ристовски се жалеа на потешки повреди после нападот од Карфеџоли и Красниќи осудени од процесот за Диво насеље. Но по лекарските прегледи беа вратени во келија. Во меѓувреме судот го пушти Јанакиески во домашен притвор. По инцидентот со двајцата притворени поранешни министри правобранителот кај други притвореници пронашол телефони и марихуана.

 

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ