
Котевски останува директор на затворот во Шуто Оризари
Директорот на затворот Скопје, Ѓоко Котевски останува на својата функција, иако поднесе оставка поради инцидентите во затворот од 21-ви февруари, кога беа нападнати притворениците и поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Владата на денешната седница ја констатирала неговата оставка, но поради тоа што е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик.
Во однос на извештајот за пропустите во затворското обезбедување, освен тоа што ќе се поведе дисциплинска постапка за 11 лица, властите не сакаат да откријат дополнителни детали.