Директорот на затворот Шутка поднесе оставка – инцидентите се случиле поради пропусти на вработените

Директорот на истражниот затвор „Скопје“  Ѓоко Котески веќе ја доставил до Владата оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески. Дека извештајот е доставен до Управата за извршување санкции, потврди синоќа за Телма директорот на управата, Јовица Стојановиќ. Утврдени се серија на пропусти, а досега се покренати десциплински постапки за 11 лица. Како резултат на пропустите бил овозможен првиот вербален и физички инцидент, а подоцна не бил спречен вториот вербален и физички инцидент, иако постоеле можности за превенција.

Заменик- народниот правобранител, Васка Бајрамовска изјави дека кај некои од учесниците во инцидентот биле пронајдени не само мобилни телефони, кои не се дозволени, туку и марихуана. Таа ги гледала и снимките од двата инцидента кои биле со многу лош квалитет. Најкритично е што дел од камерите во затворот во Шутка не ни работат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ