Истрагата на правобранителот открила низа пропусти на затворската управа

Извештајот на директорот на затворот во Шутка попладнево е доставен до Управата за извршување санкции. Вечерва во Топ тема на Ваша страна директорот Јовица Стојановиќ најави дека првите препораки може да се очекуваат утре.

Согледувањата на Управата за извршување на санкции во текот на овие три дена, од денот кога беше настанот, се доволни за да имаме сопстве независен извештај, кој ќе видиме во која насока ќе не однесе. Генерално знаеме каде се движи. Во утврдување на одговороност во вертикала на командната структура во КПУ Скопје и ред други пропусти, рече директорот Стојановиќ.

Од друга страна, Народниот правобранител во истрагата што ја спроведува констатирал низа неправилности и непочитување на безбедносните протоколи и правила за работа кај затворската управа. Васка Бајрамовска заменик народниот правобранител потврди дека кај дел од учесниците во минатонеделниот инцидент биле пронајдени не само мобилни телефони, кои се недозволени, туку и марихуана.

Она што ние го утврдивме на терен е всушност истовремено и констататицја која што Народниот правобранител ја кажува со години во своите извештаи. Пропусти од секаков апсект кои што придонесуваат за слабости во правилното функционирање на затворскиот систем. Утврдивме пропусти како во однос на начинот на кој што притворените се извадени на шетелиште, како и во однос на начинот како е извршен прегледот после тоа, така и во однос на тоа што се нарекува проценка на безбедносниот ризик, рече Бајрамовска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ