Тетово, град на кучиња скитници

Овие кучиња скитници кои слободно се шетаат низ јавните површини ,требаше уште во декември минатата година да бидат згрижени во објект на комунална хигиена при јавното комунално претпријатие Тетово.

Така барем најавија градските власти. За третирање на бездомните животни се донесе и одлука на седница на совет, за оваа намена се одобрија и пари од општинскиот буџет.

Беше најавено дека месечно ќе се заловуваат по дваесетина кучиња. Но и по поминати три месеци, во пракса од сето ова ништо нема реализирано.

Властите не ги загрижи и фактот што дел од кучињата скитници се заболени од Шуга и Лајшманиоза. Низ градот се регистрираат и масовни труења. Отровите се фрлаат јавни површини, загрозувајќи ги и животите на луѓето.

Општинските власти одбиваат да ни образложат, зошто и покрај донесена одлука и издвоените пари, на терен не се спроведуваат никакви активности за згрижување на овие животни.  Оттаму само добивме само кус одговор, дека процедурата за решавање на овој проблем е во тек.

Инаку на инфективното одделение и Центарот за јавно здравје Тетово, граѓаните се почесто бараат лекарска помош, поради напади и каснувања од кучиња скитници.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ